ЗЕМЕТЕ ВИТАМИН Д3 КРКА И СОНЦЕТО СЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ НА ВАША СТРАНА.

СПРЕЧЕТЕ НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Д.

  • За спречување и лекување на недостаток на витамин Д
  • Едноставна употреба

Овој сончев витамин е неопходен за здравјето на нашите коски и имунолошкиот систем.

Витаминот Д е единствениот витамин што нашите тела можат да го произведат самостојно, затоа што се синтетизира во кожата при изложување на сонце. Витаминот Д делува како хормон и влијае на многу различни телесни процеси: го регулира метаболизмот на калциумот и фосфатите, ја поттикнува минерализацијата на коските и ја зголемува и подобрува отпорноста на имунолошкиот систем на инфекции. Тој е од суштинско значење за нормалниот раст и регенерацијата на коските и забите и за функционирањето на имунолошкиот систем.

Извори на витамин Д?

За да може да се произведе во кожата витамин Д, на човечкото тело му е потребно доволно дневно количество на УВБ зраци. Со поминување на 15 минути на сонце помеѓу 10 и 15 часот секој ден, нашите тела можат да ја синтетизираат препорачаната дневна доза на витамин Д (т.е. 1.000 IU. доколку не се носи заштита за изложеноста на сонце барем на рацете и лицето). За време на есенските и зимските месеци, и во рана пролет, сонцето е послабо и УВБ зраците не можат да навлезат во нашата кожа под прав агол за да овозможат синтеза на витамин Д во кожата.

Само 10-20% од потребната дневна количина на витамин Д може да се внесе преку природни извори на витамин Д во исхраната. Сепак, овие извори во исхраната можат да задоволат само мал дел од нашите дневни потреби за витамин Д. Најголеми количини на витамин Д може да се најдат во рибите, печурките и јајцата. Помали количини на витамин Д може да се најдат во млекото и млечните производи.

Недостатокот на витамин Д може да се третира со земање на производи што содржат витамин Д (лекови што се издаваат само на рецепт, производи што се издаваат без рецепт или додатоци во исхраната).

Која е улогата на витамин Д во нашето тело?

Ги одржува нивоата на калциум и фосфор во организмот. Витамин Д поттикнува апсорпција на калциум и фосфор и е важен за правилна минерализација на коските. Недостаток на витамин Д може да предизвика рахитис кај деца во развој и остеомалација и остеопороза кај возрасните и старите лица.

Придонесува за оптимално функционирање на скелетниот мускул. Недостаток на витамин Д може да доведе до мускулна слабост. Ниските нивоа на витамин Д можат да бидат поврзани со мускулна слабост, што значи дека децата со недостаток на витамин Д3 може да имаат потешкотии при одење или стоење, а постарите лица можат да бидат изложени на поголем ризик од пад и кршење на коските.

Ја регулира активноста на имунолошкиот систем. Витаминот Д го штити организмот од бактериски и вирусни инфекции и го зајакнува нашиот имунолошки систем.

Проблемот на недостаток на витамин Д

Недостатокoт на витамин Д (исто така наречен хиповитаминоза Д) стана глобален здравствен проблем кај популации од сите возрасти и тој е присутен насекаде низ светот. Над 1 милијарда луѓе ширум светот имаат недостаток на витамин Д или внесуваат недоволни количини на витамин Д*. Здравствените работници проценуваат дека веќе неколку децении сме во средината на пандемијата на недостаток на витамин Д. Географската локација и модерниот начин на живот во затворените простории се сметаат за најважните одредници на статусот на витамин Д.

*Според препорачаните нивоа за серумски концентрации на 25-хидроксивитамин Д, недостатокот на витамин Д се карактеризира со концентрации пониски од 50 nmol/l (20 ng/ml), и инсуфициенција на витамин Д со концентрации пониски од 75 nmol/l (30 ng/ml) )

Глобална пандемија на хиповитаминоза Д

Глобална пандемија на хиповитаминоза Д

Недостатокот и инсуфициенцијата на витамин Д достигнаа размери на пандемија низ целиот свет и тие им влијаат на сите возрасни групи. Фактот што милијарда луѓе на глобално ниво страдаат од недостаток или инсуфициенција на витамин Д предизвикува сериозна загриженост.

Ризични групи за појава на недостаток на витамин Д

Голем број на различни популации и ризични групи се изложени на висок ризик од недостаток на витамин Д поради модерниот начин на живот, ретките активности на отворено и реткото изложување на сончева светлина, и сите тие ја попречуваат синтезата на витамин Д во доволни количини од страна на организмот.

Лицата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во затворено и ограничено се изложени на сончева светлина.

Луѓето кои консумираат храна со мала содржина на витамин Д.

Бремени жени или доилки, доенчиња.

Луѓе кои страдаат од хронични заболувања (на црн дроб, црева или бубрези).

Луѓе кои земаат одредени лекови (на пр. антиепилептици или глукокортикоиди).

Луѓе со темна кожа, луѓе со прекумерна тежина, лица постари од 65 години и пушачи.

Симптоми на недостаток на витамин Д

Најчестите симптоми на недостаток на витамин Д се толку чести и застапени, што тие вообичаено не се поврзани со проблеми со витамин Д. Овие „тивки“ симптоми често се занемаруваат или не се поврзуваат со недостаток на витамин Д.

01
01

Намалена коскена маса и почести фрактури на

Слабите и кршливи коски и ненадејните фрактури на коските, често се знак на недостаток на витамин Д.

02
02

Проблеми со забите

Проблемите со забите или губењето на забите може да бидат предизвикани од ниски количини на витамин Д во телото.

03
03

Подложност на инфекции

Честите и долготрајни сезонски или други инфекции можат да бидат симптом на недостаток на витамин Д.

04
04

Слаби мускули и мускулни грчеви

Недостатокот на витамин Д може да се презентира како мускулна слабост или чести грчеви во мускулите.

05
05

Замор и истоштеност

Постојаното чувство на замор и истоштеност е прилично чест симптом на недостаток на витамин Д.

06
06

Нарушувања на спиењето

Недостатокот на витамин Д може да се презентира и како нарушувања на спиењето.

07
07

Други знаци и симптоми

Во некои случаи, недостатокот на витамин Д може да се карактеризира со ненадејни промени во расположението, висок крвен притисок, сува кожа, проблеми со варењето, болки во зглобовите или прекумерно потење.

КОЈ Е ВАШИОТ РИЗИК ОД НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Д?

Пополнете го информативниот тест и откријте дали спаѓате во групата со најголем ризик од недостаток на витамин Д. Тестот е подготвен во соработка со Асс. проф. Евген Бенедик, доктор по нутритивни науки.

ПОПОЛНЕТЕ ГО ТЕСТОТ

ВИТАМИН Д3 Крка

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ СОНЦЕ.

ЗЕМЕТЕ ДОВОЛНО ВИТАМИН Д И ВНЕСЕТЕ ГО СОНЦЕТО ВНАТРЕ.

За спречување на појавата на недостаток на витамин Д кај лица со дијагностициран висок ризик.

Достапен како производ што се издава без рецепт.

Обезбедена соодветна дневна доза (1.000 IU/ден).

Висока стабилност за ефикасност на 3 нивоа:

  • стабилна форма на витамин Д3,
  • прилагодена технолошка постапка,
  • алуминиумска фолија која го штити витамин Д3 во текот на целиот рок на траење.

Погоден за возрасни и деца постари од 6 години.

Пријатен, неутрален вкус.

Без конзерванси, бои, ароми и глутен.

Погоден за вегетаријанци.

Дозирање на Витамин Д3 Крка

ВИТАМИН Д3 Крка е производ што се издава без рецепт којшто спречува недостаток на витамин Д кај деца над 6-годишна возраст, адолесценти и возрасни со дијагностициран висок ризик од недостаток на витамин Д.

Изберете ја вашата возрасна група според која се одредува препорачаната доза на ВИТАМИН Д3 Крка.

Возрасни

Препорачана дневна доза за возрасни е 1.000 IU витамин Д (25 µg холекалциферол). Тоа одговара на 1 таблета ВИТАМИН Д3 Крка од 1.000 IU на ден.

Деца и адолесценти

Препорачана дневна доза за деца постари од 6 години и адолесценти е 1.000 IU витамин Д (25 µg холекалциферол). Тоа одговара на 1 таблета ВИТАМИН Д3 Крка од 1.000 IU на ден.

Стручен агол

1. СИТЕ ВИТАМИНИ Д НЕ СЕ ИСТИ. ДАЛИ ГИ ЗНАЕТЕ РАЗЛИКИТЕ?

Витамин Д во последната деценија е една од најжешките теми во истражувачката и во клиничката средина, како и во секојдневниот живот. Имено, тој има важна улога во нормалното функционирање на човековото тело и зачувувањето на нашето физичко и ментално здравје.

Витамин Д спаѓа во групата витамини кои се раствораат во масти. Познаваме две главни форми: витамин Д2 (ергокалциферол, од растително потекло) и витамин Д3 (холекалциферол). Витамин Д во зависност од потеклото може да биде егзоген (од животинско потекло) и ендоген, кој настанува во кожата под влијание на УБВ зраците. (1)

2. ВИТАМИН Д СЕ ДЕПОНИРА ВО МАСНОТО ТКИВО И СКЕЛЕТНАТА МУСКУЛАТУРА

Витамин Д3, кој настанува во кожата под влијание на сончевата светлина, како и витамините Д и Д2, коишто ги внесуваме со храната, односно производите што содржат витамин Д (лекови на рецепт или без рецепт, додатоци во исхраната), патуваат до црниот дроб. Таму во присуство на ензимите се претвораат во форма, во којашто се депонираат во масното ткиво и скелетната мускулатура. Во активната форма (1,25-дихидрокси витамин Д) во присуство на дополнителен ензим тие се претвораат кога тоа му е потребно на организмот.

3. ВИТАМИН Д ИМА ВАЖНА УЛОГА ВО ТЕЛОТО

Витамин Д е прохормон и тој е вклучен во многубројни процеси во телото. Ја регулира апсорпцијата на калциум и фосфор од органите за варење, со што кај децата и возрасните индиректно влијае на здравјето на коските и забите. Спречува развој на рахитис кај децата и појавување на остеопороза кај возрасните. Поволно влијае на нервно-мускулните функции и го регулира изразувањето на многубројни гени. Истражувањата покажаа дека го регулира и излачувањето на паратиреоидните хормони, го поттикнува функционирањето на панкреасот (настанувањето на инсулинот), поволно влијае врз работата на срцето, учествува во различни имуни одговори, го спречува настанувањето на астма и алергии и има улога во превенција карцином (особено карцином на дебелото црево).

4. СО ИСХРАНАТА МОЖЕМЕ ДА ЈА ПОДОБРИМЕ АПСОРПЦИЈАТА НА ВИТАМИН Д

Прехранбените производи од животинско и растително потекло содржат релативно мали количини витамин Д, затоа некои се збогатени со него (млеко, млечни формули, житарки за појадок, маргарини, растителни напитоци и сл.). Помали количини содржат прехранбените производи од животинско потекло, на пример, рибиното масло, лососот, сардините, црниот дроб, јајцата и млекото. Витаминот Д3 во тие прехранбени производи има подобра биолошка расположливост отколку витамин Д од растенијата. Витамин Д можеме да обезбедиме и со производи во форма на капсули или таблети. Апсорпцијата се зголемува за 50 % ако ги земаме со оброк. Со здрава и правилна исхрана не можеме да ги покриеме сите потреби од витамин Д, но можеме да ги покриеме сите потреби од останатите хранливи материи, коишто се исто така важни за зачувување на нашето физичко и ментално здравје. Истовремено мора да се внесуваат доволно течности, пред сè вода или несладени чаеви.

Витамин Д е единствениот витамин, којшто организмот го синтетизира самостојно под влијание на сончевите зраци.

НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Д Е ПРИСУТЕН КАЈ 60 ДО 80 % ОД ЛУЃЕТО

Научниците утврдија дека недостаток од витамин Д не влијае само врз човековите коски (намалување на густината на коските, поголем ризик од скршеници), туку индиректно предизвикува развој на многу болести, вклучувајќи ги болестите на срцето и крвните садови, шеќерната болест тип 2, автоимуните заболувања (астма, ревматоиден артритис, шеќерна болест тип 1, мултиплекс склероза и карцином. Може да ја влоши анксиозноста и депресијата и неповолно влијае врз развојот на различни невролошки состојби (аутизам, мозочен удар, шизофренија, Алцхајмерова и Паркинсонова болест). Недостатокот од витамин Д е глобален проблем. Во Европа проценуваат дека тој е присутен кај 60 до 80% од населението. За недоволна снабденост со витамин Д и недостаток од истиот станува збор кога концентрацијата на серумскиот витамин Д е помала од 75 nmol/l (30 µg/l).

ДАЛИ ГИ ПОЗНАВАТЕ ТРИТЕ ГРУПИ ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Д?

Недостаток од витамин Д е сè пораспространет пред сè поради современиот начин на живот. Факторите на ризик можеме накратко да ги поделиме во три групи.

  • Географски фактори: положба над 40° географска ширина, зимско годишно време, кога денот многу се намалува (од крајот на септември до крајот на мај).
  • Социјално-културни фактори: работа и живот во затворени простории, користење на чадори за сонце, покривки, покриеност поради културни или верски причини, престојување под сенка, користење на средства за сончање со заштитен фактор 8 или повеќе, веганска исхрана.
  • Физиолошки фактори: темен тен, возраст, бременост и доење, дебелина, синдром на малапсорпција на масти (на пр. цистична фиброза), хронични болести на бубрезите, црниот дроб и болести на цревата, нарушен метаболизам на витамин Д (ретки наследни форми на рахитис), земање на некои лекови (антиепилептици, средства за спиење).

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ НЕДОСТАТОКОТ НА ВИТАМИН Д?

Кај најмладите првите знаци се грчеви во мускулите, коишто се последица на мала концентрација на калциум во организмот. Долготрајниот недостаток води до рахитис, задоцнет или низок раст на детето и не правилен развој на забите. Се појавуваат болки во мускулите, се намалува мускулниот тонус и имунитетот.

Кај возрасните доаѓа до ослабување на мускулите, односно деминерализација на коските, што може да доведе до спонтани кршења. Со староста се намалува апсорпцијата на витамин Д од органите за варење и неговото создавање во кожата под влијание на УВБ зраците. Недостатокот на витамин Д може да доведе до остеопороза во староста, поради што честопати доаѓа до кршење на колковите.

Недостаток од витамин Д во текот на бременоста се поврзува со зголемен ризик од прееклампсија, шеќерна болест во бременоста, предвремено породување, помала телесна тежина на новороденчето, а дури и ран рахитис.

  • КОГА ВО ТЕЛОТО ИМА ДОВОЛНО ВИТАМИН Д, А КОГА ПРЕМНОГУ?

БИДЕТЕ ДОВОЛНО ИЗЛОЖЕНИ НА СОНЦЕ, НО НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ

Во пролет и во лето главниот извор на витамин Д е доволната изложеност на сонце (ултравиолетово зрачење Б, УВБ), кое овозможува ендогена синтеза на витамин Д во кожата. Се проценува дека само 15-минутна изложеност на сонце на ден е доволна, се разбира, ако носиме кратки панталони и кратки ракави. Вишокот витамин Д се претвора во неактивна форма, којашто се складира во телото (во масното ткиво, скелетната мускулатура).

Тоа значи дека нивото на активен витамин Д во телото и при прекумерно сончање не се зголемува толку за да може да биде опасен. Се зголемува ризикот од долготрајно оштетување на кожата, поради што може да се развие карцином на кожа. За да го спречиме тоа се препорачува возрасните и децата да користат средства со сончање, но не со највисок заштитен фактор.

ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ДОЗИ НА ВИТАМИН Д

Во табелата се наведени дневните дози на витамин Д, кои треба да ги земаме кога не е можно создавање на доволно голема количина витамин Д.

Деца до 1 година*         10–12,5 µg (400–500 IU)

Деца од 1 до 18 години**         15–20 µg (600–800 IU)

Возрасни**       20–25 µg (800–1000 IU)

1 µg витамин Д = 40 IU

* За сите доенчиња до крајот на првата недела од животот до 1 година се препорачува секојдневно додавање на витамин Д.

** Додавање на витамин Д се советува пред сè од октомври до април.

ДАЛИ МОЖЕ ДА НАСТАНЕ ПРЕДОЗИРАЊЕ СО ВИТАМИН Д?

Неактивната форма на витамин Д, во којашто спаѓа витамин Д3, е безбедна. Со него тешко може да настане предозирање, дури и ако земаме повисоки дози. Препорачаната доза е 1000IU на ден.

Витамин Д или сончевиот витамин е единствениот витамин, којшто телото може да го произведе самостојно (по пат на ендогена синтеза), бидејќи под влијание на сончевите зраци тој се создава во кожата. Во нашето тело тој дејствува како хормон, кој има рецептори речиси во сите клетки на човековото тело и ја поттикнува транскрипцијата на 200 различни гени. Влијае на многубројни функции: го регулира метаболизмот на калциум и фосфор, овозможува минерализација на коските и ја подобрува природната отпорност. Поради тоа во текот на целиот живот е неопходен за развој и обновување на коските и забите и за подобро функционирање на имуниот систем.

Погрижете се да бидете доволно изложени на сонце, но не претерувајте

Напролет и во лето главниот извор на витаминот Д е изложеноста на сонце. „Витамин Д се создава во кожата под влијание на УВБ зраците. Сончевата светлина е богата со УВБ зраци особено во периодот од април до септември, меѓу 10 и 16 часот. Доволно е кожата секој ден 10 до 15 минути да биде изложена на сонце, се разбира, без заштитна крема за сончање,“ појаснува проф. д-р Марија Фајфер,  д-р мед., претседател на Здружението на ендокринолози на Словенија при Словенечкото лекарско друштво.

Вишокот витамин Д, којшто настанува со сончањето, останува во телото (во крвта, во масното ткиво). „Во текот на летото можеме да создадеме многу витамин Д, ако сме надвор во наведеното време. Резервите траат неколку недели до два месеци, а потоа се трошат. Поради тоа во зима и во рана пролет имаме најниски нивоа на витамин Д. Зиме и напролет, како и лете и наесен, ако не поминуваме навистина долго време на сонце во соодветното време, добро е витамин Д да го надоместуваме,“ нагласува проф. д-р Фајфер.

Недостатокот на витамин Д е глобален здраствен проблем

Поради современиот начин на живот не поминуваме надвор доволно време за да фатиме доволни количини сончеви зраци за ендогена синтеза на витамин Д. На тоа укажува проф. д-р Фајфер: „Недостатокот од витамин Д е честопати присутен кај луѓето, коишто претежно престојуваат во затворени простории, кај оние коишто по цели денови седат пред компјутер или се на работа и не се рекреираат на отворено, кај малите деца, тинејџерите, бремените жени, кај постарите луѓе, бидејќи нивната кожа потешко создава витамин Д, кај дебелите луѓе, бидејќи витамин Д се складира во масното ткиво, кај болните со одредени болести (на органите за варење, бубрезите, црниот дроб и др.) и кај оние, коишто користат одредени лекови (против епилепсија, глукокортикоиди).

Сончевиот витамин е неопходен за коските и имуниот систем

Некои истражувања покажуваат дека луѓето со доволни количини витамин Д поретко заболуваат од шеќерна болест, карцином, болести на срцето и крвните садови и автоимуни заболувања. Витамин Д ја зголемува и отпорноста против вирусни инфекции на дишните патишта, а ако веќе се разболиме, болеста има поблаг тек. „Надоместувањето на витамин Д докажано го намалува и појавувањето на акутните инфекции на дишните патишта, на пример грипот и други инфекции во зима, а најмногу кај оние, коишто имале значителен недостаток од витамин Д. Во времето на последната пандемија е забележан потежок тек на болеста кај пациенти со Ковид-19, коишто имале недостаток на витамин Д. Резултати од истражувања, кои би докажале дека витамин Д ја намалува можноста за инфекција со САРС-КоВ-2 и го ублажува текот на болеста сè уште немаме, но познати се многубројни механизми со коишто витамин Д би можел да ја зголеми отпорноста кон инфекцијата и да го ублажи текот на болеста,“ рече проф. д-р Фајфер.

Како да го препознаете недостатокот на витамин Д?

Најчестите знаци и симптоми на недостаток на Витамин Д се толку општи, што честопати не ги забележуваме или не ги поврзуваме со витамин Д. Станува збор за „тивки“ симптоми, коишто може да доведат до сè поголеми и посериозни проблеми, односно болести. Вообичаено тие се манифестираат на различни начини. „Умерениот недостаток на витамин Д не предизвикува потешки или карактеристични проблеми. Луѓето може да чувствуваат хроничен замор, понекогаш незначителни хронични болки во мускулите, во зима се помалку отпорни на инфекции на дишните патишта, пред сè вирусните. Постарите може да имаат помала минерална коскена густина, честопати паѓаат. Веројатно и почесто се разболуваат од карциноми,“ додаде проф. д-р Фајфер. „Со оглед на големиот процент на население со недостаток, витамин Д во зима би требало да го земаат повеќето луѓе“. За лекот таа рече: „Неактивната форма на витамин Д, којашто ја содржат повеќето препарати е безбедна. Препорачана доза е 1000 IU на ден.“

Со тоа се согласува и м-р Нина Писк, м-р фарм., специјалист по клиничка фармација којашто во последно време забележува зголемена потреба за витамин Д: „Во аптеката производите со витамин Д сè уште најчесто ги издаваме како лекови, коишто ќе ги препише лекар на рецепт за лекување на остеопороза, спречување на рахитис кај децата, како и за спречување на недостаток на витамин Д кај децата и при зголемени потреби. Се почесто витамин Д се препорачува и за зајакнување на имунитетот, особено во овој период на пандемија со Ковид-19.“

Таа им советува на своите пациенти при купувањето на производите да бидат колку што е можно покритични и рационални: „Важно е да се знае дека сите производи во форма на таблети, капсули, сирупи … не се лекови. Лековите се произведени во согласност со добрата производствена пракса, којашто важи за фармацевтската индустрија и којашто е под соодветен надзор во однос на квалитетот и содржината на лековитите супстанции. Покрај тоа, во упатството за употреба и на надворешното пакување имаат веродостојни информации за дејството и за предупредувањата. Советувам да се купуваат регистрирани лекови и производите да се купуваат во аптека.

Најчесто поставувани прашања

Благодарение на нашиот современ начин на живот, се зголемува и распространетоста на недостаток на витамин Д. Доколку не се изложувате редовно на сончева светлина поради различни причини (работа и престој во затворени простории, честа употреба на креми и масла за сончање, различни болести), вашето тело не може да синтетизира витамин Д. Повеќе информации за ризичните групи се достапни тука. Доколку сакате да го процените вашиот ризик од недостаток на витамин Д, направете го нашиот информативен тест, развиен во соработка со реномиран клинички нутриционист. Проверете го вашиот ризик фактор – направете го тестот. Точните нивоа на витамин Д можете да ги проверите со лабораториска анализа на крвта.

ВИТАМИН Д3 Крка е индициран за спречување на недостаток на витамин Д кај возрасни и деца на возраст од 6 години и постари. Препорачаната дневна доза на ВИТАМИН Д3 Крка за возрасни, адолесценти и деца на возраст од 6 години и постари е 1 таблета (1.000 IU или 25 µg).

Да, овој производ е погоден за вегетаријанци.

ВИТАМИН Д3 Крка не содржи конзерванси.

ВИТАМИН Д3 Крка може да се зема со или без храна, наутро или навечер. Некои истражувања покажуваат дека витаминот Д треба да се зема заедно со храна, затоа што тоа може да ја зголеми неговата апсорпција за 50%. Се препорачува таблетата да се проголта со малку вода.

Токсичноста на витамин Д кај лица со здрав метаболизам е исклучително ретка и може да биде предизвикана само со земање на прекумерни количини на производи кои содржат витамин Д (лекови што се издаваат само на рецепт, лекови што се издаваат без рецепт и додатоци во исхраната). Таа никогаш не може да биде предизвикана од прекумерно изложување на сонце. Симптомите на токсичност на витамин Д вклучуваат гадење, повраќање, голема жед, често мокрење, замор, збунетост, нервоза и висок крвен притисок. Бројот на пријавени случаи на токсичност на витамин Д од неодамна е зголемен поради несоодветната употреба на производи што содржат витамин Д. Тоа значи дека треба да бидете особено внимателни кога земате производи што содржат витамин Д. Следете ги упатствата на производителот и информациите за препорачаната доза.

Само мал број на прехранбени производи природно содржат големи количини на витамин Д. Најдобар извор на витамин Д во исхраната е свежа (непреработена, сурова или термички обработена и неконзервирана) морска риба (на пр. сардини, харинга, лосос, туна). Витамин Д може да се најде и во млекото и млечните производи, жолчката од јајцето и црниот дроб. Вреди да се запамети дека само многу мали количини на витамин Д се внесуваат преку исхраната и тие не ги задоволуваат дневните потреби на човечкото тело за витамин Д. Препорачаната дневна доза е помеѓу 800 и 1.000 IU (20-25 μg).

Синтезата на витамин Д не зависи од свеж воздух, туку од изложувањето на сончева светлина. Витаминот Д се синтетизира во кожата при изложување на УВБ сончеви зраци. Но, УВБ зрачењето е доволно силно само неколку месеци секоја година, односно од средината на април до октомври и помеѓу 10 часот и 3 часот попладне, кога сончевите зраци се најсилни. Во текот на преостанатите месеци од годината, синтезата на витамин Д во кожата е многу ограничена. Покрај тоа, синтезата на витамин Д е дополнително попречена од други фактори: облачно време, магла, загадување на воздухот, облека направена од густа ткаенина, употреба на креми за сончање (Факторот за заштита од сонце 30 може да ја намали синтезата на витамин Д за 95%). Недостатокот на витамин Д е тешко да се препознае, поради тоа што благите знаци на замор, болка во мускулите или коските се исто така карактеристични и за неколку други болести. За да проверите дали спаѓате во ризична група за недостаток на витамин Д, направете го нашиот информативен тест.

ВИТАМИН Д3 Крка е високо стабилен производ кој обезбедува соодветна доза на витамин Д3. Стабилноста на производот при изложеноста на сончева светлина, кислород и влага се обезбедува на три нивоа: стабилизираната форма на витамин Д3; прилагодената технолошка постапка; и висококвалитетното примарно пакување (алуминиумска фолија). Се обезбедува најголема можна стабилност на производот во текот на неговиот рок на траење, кој изнесува две (2) години.

Постојат неколку различни фармацевтски форми на витамин Д што се достапни на пазарот. Најчестите перорални дозни форми се таблетите и капсулите. ВИТАМИН Д3 Крка е едноставно решение во форма на мали таблети што можете да ги земете со малку вода. Достапен е како производ што се издава без рецепт и може да се користи од страна на возрасните и децата. ВИТАМИН Д3 Крка е високо стабилен производ. Тој обезбедува соодветна доза на витамин Д3 во текот на целиот рок на траење (2 години).

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.